Слободни работни позиции во ТитанФарм:
- Слободни места на работна позиција „Медицински претставник“ – 2 (две)
- Слободни места на работна позиција „Презентер/Промотор/Консултант“ – 1 (едно)
- Слободни места на работна позиција „Комерцијалист“ – 1 (едно)
ТитанФарм е фармацевтска компанија основана 2002 година, како регистриран деловен субјект за продажба на големо на лекови, ПЛС и медицински помагала. Од тогаш до денес забрзано и континуирано расте, а со тоа растат и потребите од нови кадри: образувани, мотивирани и талентирани личности, кои ги препознаваат предизвиците на новите времиња.
Работните места се во Скопје, а територијата на делување е Република Македонија. Главно вработуваме лица со медицински квалификации (фармацевти, лекари, стоматолози), но секој кој се чувствува дека има некоја од бараниве лични карактеристики – може да аплицира:
- Развиени комуникациски вештини
- Стручност и елоквентост
- Организирана и одговорна личност; аналитична, креативна, доверлива
- Флексибилност за соработка со широк профил на луѓе
- Одлични интерперсонални и насочувачки вештини; Професионалионален и љубезен однос кон клиентите; развивање и одржување на добри односи
- Познавање на англиски јазик (останати јазици се предност)
- Активно користење на компјутер (посебно MS Office пакет)
- Позитивен став
Ние би сакале Вашата кариера да ја почнете и/или продолжите во ТитанФарм, затоа пополнете го формуларот подолу и ќе бидете контактирани според можностите и потребите!