За ТИТАН

It is the result of preparation, hard work, and learning from failure.

Име на компанијата

ДТПУ Титан увоз-извоз ДООЕЛ


Лого

titan_logo-NOVO-e1408957796467


 

Дејност

Маркетинг и дистрибуција на фармацевтски производи


 Краток опис на компанијата

Титан увоз-извоз е приватна компанија која е основана 2002 година. Нашето мото е да станеме  “партнер на аптеката” на самостојните приватни аптеки. Во текот на 2004 година „Титан“ увоз-извоз потпиша ексклузивен долгорочен договор со Pierre Fabre Dermocosmetic – Франција. Искуството, флексибилноста и одличното познавање на  Македонскиот пазар, целокупната подршка и обуката што ја спроведе странскиот партнер на вработениот тим во „Титан“ увоз – извоз, овозможи истиот да стане лидер на дермокозметичкото поле во Македонија.


 Контакти

Телефон: ++389 (0)2 60 90 600

E-mail: info@titan.com.mk

Web site: www.titan.com.mk


 Производи / Услуги

Ние вршиме промоција и дистрибуција на македонскиот пазар на производи од следниве брендови: Eau Thermale Avène, Klorane, Ducray и A-derma Следниот чекор за компанијата ќе биде започнување со дистрибуција и маркетинг на лекови.

Една од приоритетните услуги што ги нуди Титан увоз-извоз е промовирањето на идеи и подршка за менување на внатрешниот ентериер на новоотворените аптеки или веќе постоечките како и нудење на купопродажни совети од областа на фармацијата. Титан увоз – извоз е единствената фирма која нуди ваков тип на услуги на македонскиот пазар.


 Инфраструктура

 Број на вработени: 6

  • Управител – менаџер, ги согледува сите аспекти од бизнис работењето, одговара за увозот на производите, продажба и маркетинг, дистрибуција и односот со деловните клиенти.
  • еден, асистент на управителот – менаџерот, дипл. Економист. Одговорен за истите работни задачи како и управителот.
  • тројца, дипл. фармацевти, полно работно време, како медицински презентери – обучувачи;
  • еден, полно работно време, дистрибутер, грижејќи се производите да се наоѓаат на предната полица и за останатите продажни активности

 Опрема:

  • целокупно потребната ИТ опрема
  • четири автомобили, за менаџерот и застапувачите
  • едно комбе за дистрибутерот